Земјотрес во Аргентина – Цел град излезе на улица „Меси врати се дома!“ (ВИДЕО)

Најавата за заминување на Лионел Меси од Барселона го шокираше целиот свет. Многу клубови тргнаа по потписот на неверојатниот Меси, а за него се надева и неговиот прв клуб Њуелс Олд Бојс. Во родниот град на Лионел Розарио, овие денови се сонува само за едно нешто, а тоа е миленикот да се врати дома.

Сега или никогаш порачуваат темпераментните сограѓани на Лео кои лудуваа по градот како би направиле специјална покана за „асот“ на Барселона. Не се памети навивачи на било кој клуб во светот да направат ваква атмосфера за само еден фудбалер. Тие го сопреа сообраќајот во Розарио и во еден глас викаа „Меси врати се дома!“.

 

 

Се вчитува...