Земјотрес во Белград: Хрват од НБА ќе биде ново засилување за Партизан!?

Како што пренесуваат медиумите во Србија, хрватскиот репрезентативец и досегашен НБА играч Дарио Шариќ, би можел да го облече дресот на белградски Партизан.

Шариќ после девет сезони минати во НБА, веќе заврши со американската кошарка, а судбината би можела овој 31-годишен кошаркар да го врати во Евролигата и тоа во финишот од преодниот рок. Рокот за регистрација на играчи надвор од Евролигата е до 25 февруари, а Шариќ стана „мета“ за неколку клубови.

Според информациите и Партизан е сериозно заинтересиран за искусниот кошаркар. „Црно-белите“ се во потрага за играч кој може да ги покрие позициите „четири и пет“, по заминувањето на Тајрик Џонс, а Шариќ одлично би се вклопил во тој систем.

Се вчитува...