Земјотрес во Борусија Дортмунд: Еден од клучните играчи си заминува поради сопругата!?

Напаѓачот Карим Адејеми може да ја напушти Борусија Дортмунд поради неговата сопруга.

Според „Билд“, германскиот репрезентативец го известил раководството на клубот дека има намера да премине во друг тим. Факт е дека сопругата на Карим, швајцарската хип-хоп уметница од косовско потекло Лоредана Зефи Алиу, би сакала да живее во друг европски град, во метропола, а не во Дортмунд.

Договорот на Адејеми со Борусија Дортмунд е со важност до летото 2027 година. „Трансфермаркт“ го проценува напаѓачот на 60 милиони евра. Во ноември беше објавено дека Карим е во преговори со Манчестер Јунајтед и Интер.

Оваа сезона, 23-годишникот одигра 14 натпревари во Бундеслигата, постигна четири гола и имаше една асистенција.

Се вчитува...