„Земјотрес“ во Бруклин – Ирвинг побара „трејд“

Раководството на Бруклин нетс се соочува со нов сериозен проблем откако една од најголемите ѕвезди на тимот, бекот Кајри Ирвинг побара да си замине од клубот до крајот на преодниот рок што истекува в четврток.

Ирвинг беше во центарот на вниманието во текот на кризата со коронавирусот, кога не настапуваше за Бруклин на голем дел од натпреварите поради одбивањето да се вакцинира. Поради оваа причина олстар кошаркарот не потпиша нов договор вреден над 100 милиони долари, а сега сака да си замине на неколку месеци пред истекот на актуелниот договор.

Бруклин се најде во ваква ситуација и во текот на летото, кога го одби барањето за трансфер на Кевин Дурант. Останува да се види каква ќе биде одлуката околу иднината на Ирвинг, кој сезонава настапи на 40 натпревари за нетс со просек од 27,1 поени по натпревар.

Се вчитува...