„Земјотрес“ во Евролигата: Муса прави големо „предавство“?

Џанан Муса летово ќе стане слободен играч откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид, а раководството на „кралскиот клуб“ веќе стави до знаење дека нема намера да ги исполни барањата на босанскиот репрезентативец. Последните информации говорат дека Муса би можел да направи големо „предавство“ и да ги скрши срцата на навивачите на Реал, селејќи се во редовите на лутиот ривал Барселона.

Каталонските медиуми тврдат дека Барса будно ја следи ситуацијата на Муса и веќе стапила во контакт со неговиот агент. Босанецот нема опција за камбек во НБА, а каталонскиот гигант останува еден од најголемите клубови во Европа, што само по себе е доволно привлечно за тој сериозно да ја земе во предвид опцијата за преселба во Барселона.

Каталонците се подготвуваат за разделба од Кевин Пантер, Американецот не ги оправда очекувањата по трансферот од Партизан, па Барса нема да ја активира клаузулата за продолжување на соработката за уште една сезона. Истиот извор тврди дека токму Муса е идеална опција како замена за Пантер, со што репрезентативецот на БиХ би ја имал лидерската улога во тимот од следната сезона.

Реал Мадрид и Барса ќе се сретнат вечерва во големото дерби на Евролигата, меч на кој каталонскиот гигант ќе биде сериозно ослабен поради неиграњето на Весели, Пантер, Лапровитола и Нуњез.

Се вчитува...