Земјотрес во фудбалскиот свет: И Микел Артета заминува на крајот на сезоната?

Неверојатни неколку дена ни донесе светскиот фудбал во кој сведоци сме на случувања како ретко кога досега. Откако Јирген Клоп и Чави Хернандез информираа дека на крајот на сезоната заминуваат од Ливерпул, односно Барселона вечерва се појави информација дека и Микел Артета ќе го напушти тимот кој го води, Арсенал.

Како што пренесуваат шпанските медиуми  Артета на најблиските соработници им открил дека ќе го напушти Арсенал на кајот од сезоната. Наводно, тензиите и притисокот од минатата и од оваа сезона се преголеми за Артета, кој според весникот, веќе се договорил со управата на Арсенал за спогодбен прекин на соработката.

[SPORT] Arteta will leave Arsenal at the end of the season
byu/papamietek insoccer

Се вчитува...