Најдобриот кошаркар на планетата, Никола Јокиќ, би можел да го напушти Денвер, и да замине во друг клуб во НБА. Според сознанијата на познатиот НБА инсајдер Сем Емик, Голден Стејт Вориорс се сериозни во врска со доведувањето на Никола Јокиќ.
Милијардерите Џо Лејкоб и Питер Губер, кои се сопственици на Голден Стејт, нема да штедат пари да го доведат Србинот, кој со Стеф Кари ќе треба да го врати тимот на шампионските патеки.
Тие се надеваат дека ќе успеат во нивната намера до 2027 година, а потоа самиот кошаркар ќе има можност сам да донесе одлука околу заминување или останување во последната година од договорот со Денвер, за годишна сума од 62,8 милиони долари.
Доколку не успеат со Јокиќ, тогаш Голден Стејт ќе се обиде со уште една НБА ѕвезда – Јанис Адетокумбо. Но, и со Гркот ситуацијата е слична, односно ќе се чека да се види дали ќе ја продолжи соработката со Милвоки или ќе треба сам да одлучува за својата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

