„Земјотрес“ во НБА: Јанис побара трансфер од Милвоки

Јанис Адетокумбо е решен да си замине од Милвоки бакс во текот на оваа сезона и за својата желба веќе ги известил челниците на овој клуб, пренесуваат американските медиуми.

Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Гркот ги избришал сите фотографии од дресот на Милвоки од своите профили на социјалните мрежи, фановите на бакс со право беа загрижени, па неколку часа подоцна пристигна и објаснувањето за ваквиот потег.

Јанис е несреќен во Милвоки и сака да му биде дозволено што поскоро да си замине. Тој заедно со својот агент Алекс Саратсис во текот на вчерашниот ден имал состанок со највисокото раководство на клубот, при што единствена точка на разговорот била шансата за негово заминување.

Јасно е дека во Милвоки не сакаат да се разделат од најголемата „ѕвезда“, во претходните две ситуации тие успеаја да го убедат Адетокумбо да остане, но американските медиуми тврдат дека шансите за такво нешто овојпат се многу помали. Тој има загарантиран договор до јуни 2027, па во Милвоки се свесни дека ако пристигне интересна понуда за размена, истата треба да биде сериозно разгледана.

Just in: Giannis Antetokounmpo and his agent Alex Saratsis have started conversations with the Milwaukee Bucks about the two-time NBA MVP’s future – and discussing whether his best fit is staying or elsewhere, sources tell ESPN. A resolution is expected in the coming weeks.

Се вчитува...