„Земјотрес“ во НБА: Мајами тргнува по Лука Дончиќ!

Една од веста актуелна во послено време во НБА е заминувањето на Џими Батлер од Мајами. Првата ѕвезда на тимот ја загуби страста за играње во тимот, и бара нов почеток, откако неодамна ја доби и третата суспензија од тимот.

Во исто време Хит веќе размислуваат за иднината, со цел да расчистат повеќе од 80 милиони долари, и во 2026 година да го земат еден од најдобрите играчи Лука Дончиќ.

Познатиот весник „Мајами Хералд“ објави бомба, дека Мајами има план да го доведе Лука Дончиќ. Според споменатиот извор, Хит размислува за секој детал при градењето на тимот, планот е да ги преземе договорите до крајот на сезоната 2025/26, така што платниот простор тогаш би бил „чист“. Целта на Мајами е да ја зачува финансиската флексибилност за таа сезона, кога неколку Ол-стари, вклучувајќи го и Дончиќ, ќе станат слободни агенти.

Не е тајна дека Дончиќ одамна е желба на Рајли. Од друга страна, пак, Далас не размислува за заминување на својата прва ѕвезда.

Се вчитува...