Рускиот гигант Зенит го објави составот што е пријавен за натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа. Овој руски клуб е во група со македонскиот првак Вардар, па затоа е посебно интересен за нашата фудбалска јавност. Тренерот Роберто Манчини ги пријави сите свои ѕвезди за настап во Лигата на Европа.
На списокот од 25 фудбалери се наоѓаат голманот Јури Лидигин, потоа одбранбените фудбалери Бранислав Ивановиќ, Доменико Кришчито, Емануел Мамана, играчите за врска Матијас Краневитер, Кристијан Нобоа, Леандро Паредес, Емилијано Ригони, Олег Шатов, напаѓачите Себастијан Дриуси, Александер Кокорин, Артем Ѕјуба…Тоа се фудбалери од врвна класа со кои располага италијанскиот стратег Роберто Манчини, и на 14.септември, во дуелот од првото коло ќе гостуваат на арената „Филип Втори“ во Скопје против нашиот шампион Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА