Зенит заостанува осум бода зад Локомотив Москва во трката за титулата во руското првенство, а тренерот Роберто Манчини реши да прави дополнителен ремонт во тимот ослободувајќи се од неколку руски фудбалери пред вториот дел од сезоната.
Олег Шатов во продолжението од оваа сезона ќе го носи дресот на Краснодар, откако Зенит и Манчини дадоа зелено светло за шестмесечна позајмица на овој квалитетен фудбалер. Италијанскиот стратег не сметаше сериозно на Шатов во првиот дел од сезоната, па ја прифати понудата на Краснодар од 350.000 евра за позајмицата, со опција на крајот од сезоната неговиот договор со Зенит да биде целосно откупен за дополнителни пет милиони евра.
Заминувањето на Шатов следи неколку дена откако од Санкт Петербург си заминаа уште двајца руски фудбалери, Артем Ѕјуба и Иван Новоселцев, кои својата кариера ќе ја продолжат во дресот на Арсенал Тула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА