Зенит Санкт Петербург стигна до првата победа во Евролигата, откако го изненади Олимпијакос нагости по продолженија со68-77. Русите во текот на целиот меч беа подобар противник, а домаќините одиграа на препознатливото ниво само во последната минута од мечот во која успеаја да анулираат шест коша негатива и да го однесат мечот во продолженија. Сепак, Русите успеаја да се стабилизираат од шокот и заслужено стигнаа до премиерната победа во елитното натпреварување. Понитка со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Милутинов и Пунтер уфрлија по 16.
Барселона само една четвртина се мачеше против Алба Берлин. Каталонците првиот период го загубија со 19-25, но потоа уфрлија во повисока брзина за конечен триумф од 103-84. Хигинс со 22 и Миротиќ со 18 поени се истакнаа кај Барселона, додека кај Алба единствен расположен беше Гиедритис со 17 поени.
Во последниот меч од денешната понуда Анадолу Ефес нагости ја совлада Валенсија со … Клучна беше третата четвртина која Турците ја добија со тринаесет поени разлика (17-30). Најдобар поединец во победничкиот тим беше Симон со 19 поени, додека во домашниот табор Дублјевиќ имаше 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА