Зенит и донираше пари на Барса за да може да го купи Нико Вилијамс

Рускиот великан Зенит Санкт Петерсбург и „помогна“ на Барселона полесно да го доведе Нико Вилијамс во своите редови, на навистина необичен начин.

Репрезентативецот на Шпанија ги договорил личните услови со шампионот во Примера, што доведе до тоа крилниот напаѓач да бара флексибилност од неговиот сегашен клуб. Атлетик Билбао не сака да се согласи на сума помала од 62 милиони евра, колку што е клаузулата што би му дозволила да ја напушти Баскија.

Каталонците би требало да можат да си го дозволат тоа, но поради финансиските проблеми повеќе би сакале да ја поделат сумата на неколку рати.

Ова го наведе Зенит до идеја да му помогне на петкратниот европски шампион, со оставање парична донација преку социјалната мрежа Тикток. Како причина за тоа наведоа дека Барселона и го дала Малком, кој за четири години на „Газпром арената“ постигнал 42 гола и забележал 24 асистенции на 109 настапи.

Тој пристигна во 2019 година во трансфер вреден 45 милиони, а четири години подоцна стана играч на Ал Хилал за дури 60 милиони.

Се вчитува...