Зенит не запира: Топ-засилување за соиграч на Димитријевиќ

Челниците на Зенит се решени да состават тим со кој ќе се вратат на тронот на ВТБ-лигата, за таа цел го доведоа и Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано, а рускиот гигант во текот на вчерашниот ден официјализираше уште еден важен трансфер.

Американскиот кошаркар Ливај Рендолф ќе биде нов соиграч на Димитријевиќ откако доскорешниот играч на Макаби го избра токму Зенит за нов клуб во кариерата. Рендолф минатата седмица го раскина договорот со Макаби, тој имаше понуди и за останување во Евролигата, но на крајот сепак се реши да се пресели во Русија и да го облече дресот на тимот од Санкт Петербург.

Тој низ кариерата има настапувано за Авелино, Сасари, Стразбур, Остенде…. имаше и кратка авантура во Нов Зеланд, а сега на 32-годишна возраст ќе заигра и во Русија.

Рендолф беше меѓу најдобрите кошаркари на Макаби ланската сезона, во Евролигата бележејќи просек од 12 поени, 3,8 скокови и 1,8 асистенции по натпревар.

Се вчитува...