Зенит сака да го купи Набил Фекир, Бетис бара 30 милиони евра

Рускиот првак Зенит Санкт Петербург се обидува да го засили тимот со офанзивец, а изборот на тренерот Сергеј Семак падна на францускиот интернационалец Набил Фекир кој е член на шпанскиот Бетис. Зенит е подготвен да плати 25 милиони евра за да го доведе Фекир во Русија, но Бетис сепак бара 5 милиони евра повеќе за да му дозволи на играчот да отпочне преговори со раководството на рускиот клуб.

Втората опција за Зенит е да се обиде да го доведе Набил Фекир на едногодишна позајмица. Тоа исто така не му одговара премногу на Бетис.

Се вчитува...