Ненад Димитријевиќ и неговиот Зенит претрпеа пораз од 93-88 во руското дерби против ЦСКА Москва во 12. коло од ВТБ лигата.
Во изедначениот натпревар победникот беше решен во последните пет минути во кои Зенит потполо потфрли и во нападот и во одбранта па минималната позитива (78-80) беше лесно загубена со серија од 9-0 на ЦСКА.
Димитријевиќ беше заменет на самиот старт на серијата на ЦСКА Москва по што се врати во игра на две и пол минути пред крајот и постигна четири од осум поени на својот тим.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 11 поени при реализација 2/4 од обидите за два, 1/2 во обидите за три поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања. Бекот додаде и седум асистенции и два скока, но и три загубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

