Рускиот клуб Зенит тргна кон Македонија со чартер авион, а тренерот Роберто Манчини во Санкт Петербург го остави најголемото засилување, Аргентинецот Леандро Паредес, кој од Рома дојде ова лето за сума од 23 милиони евра. Во тимот ќе го нема ниту рускиот репрезентативец Олег Шатов. Двајцата останаа во Русија, со одлука на Манчини, кој смета дека и без нив ќе успее да стигне до успех на овој меч.
Манчини повика 20 фудбалери за гостувањето во Скопје и утрешниот дуел со Вардар, на стартот од групната фаза од Лигата на Европа. На неговиот список се следните имиња:
голмани: Андреј Лунев, Михаил Кержаков, Максим Рудаков
одбрана: Игор Смолников, Бранислав Ивановиќ, Миха Мевлја, Емануел Мамана, Максим Карпов, Јуруј Жирков, Доменико Кришито, Денис Терентјев
среден ред: Матијас Краневитер, Далер Кузијаев, Кристијан Нобоа, Александр Ерохин, Емилијано Ригони
напад: Себастијан Дриуси, Александр Кокорин, Артем Ѕјуба, Дмитриј Полоз
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА