Згасна клубот кој пред четири години играше финале во Лигата на Европа

Украинскиот клуб Дњипро кој играше финале во Лигата на Европа во 2015 година веќе не постои. Украинците пред четири години загубија во финалето во најмасовното европско фудбалско натпреварување од Севилја со 2-3. По финалето раководството не можеше да ги исплати фудбалерите, поради што добија голема казна, а во сезоната 2016/2017 беа исфрлени во втората лига во Украина.

Клубот не поднел пријава за една од аматерските лиги во Украина за новата сезона, што значи дека по 101 година постоење, Дњипро згаснува.

 

Се вчитува...