Кошаркарскиот клуб Монако од денеска повеќе не постои, откако раководството на клубот од Кнежевството објави дека привремено го прекинува своето работење поради финансискиот колапс. Актуелниот шампион на Франција се најде во безизлезна ситуација по сериозните долгови акумулирани во изминатиот период.
Шокантната вест за згаснување на овој европски гигант доаѓа само неколку месеци откако тимот играше во плејофот на Евролигата, каде во четвртфиналната серија беше поразен од Олимпијакос. Само една година претходно, Монако го постигна својот најголем успех во елитното натпреварување, завршувајќи како вицешампион на Европа по поразот во финалето од Фенербахче.
„Драга Рока фамилијо, денес е тажен ден. И покрај сите вложени напори, Монако е во стечајна постапка. Клубот сега ќе се повлече, со надеж дека ќе најде начин за реструктуирање и еден ден повторно да го активира проектот. Нашиот тим го напушта теренот како непоразен во домашните натпреварувања минатата сезона, со сите најважни француски трофеи во својата колекција“, стои во соопштението на клупскиот сајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
