Згасна некогаш најбогатиот клуб во светот за кого играа Ето, Вилијан, Карлос…

Анжи Махачкала, клубот од Чеченија за кој некогаш играа играчи како Самуел ето, Роберто Карлос, Вилијан, Ласана Диара, и дефинитивно повеќе не постои. Клубот не доби лиценца за настап во третата лига на Русија, со оглед дека сопствениците не можеа стабилно да го водат и да ги плаќаат играчите.

Анжи на глобално ниво беше ирелевантен клуб кој што во 2011 година избори пласман во руската Премиер-лига, а пред појавата на Финансискиот фер-плеј неконтролирано пумпан со пари од газдата и олигархот Сулејман Керимов.

Покрај познатите играчи, за тренер беше донесен Гус Хидинк кој беше и поранешен руски селектор, но руското првенство не го освоија. На европската сцена најголем успех им беше нокаут фазата во Лигата на Европа во која во 2013 година ги сопре Њукасл.

Во 2017 година Анжи одигра пријателска средба со Вардар на подготовките во Анталија кој заврши 2-1 за „црвено-црите“.

Се вчитува...