Норвешкиот ракометен гигант Вајперс Кристијанд не успеа да ја издржи финансиската криза и на крајот сепак мораше да згасне. Откако на крајот на минатата година некако успеаја да се спасат и да го продолжат овој проект, сепак на крајот стигнаа лоши вести од Норвешка.
„Со тешко срце мораме да објавиме дека Управниот одбор на Вајперс одлучи да ја прекина работата и да објави стечај на клубот. Таквата одлука е донесена по темелна оценка на финансиската состојба и недостаток на можности за натамошно функционирање“, објавија од Вајперс Кристијансанд
Кристијансанд беше трикратен освојувач во Лигата на шампионите откако до трофејот стигаше во периодот од 2021 до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА