Ѕвездата на Мемфис, Џа Морант е избран за најдобар „новајлија“ сезонава во НБА лигата. Тој на убедлив начин стигна до признанието, бидејќи од сите новајлии имаше убедливо најдобра сезона, во која за малку му побегна плеј офот откако во плеј ин мечот Мемфис тесно беше поразен од Портланд.
Џа Морант имаше одлична прва сезона во дресот на „гризлис“ во кој просечно бележеше по 17.8 поени, 7,3 асистенции и 3,9 скока по натпревар.
View this post on Instagram
@jamorant of the @memgrizz named 2019-20 Kia NBA Rookie of the Year! #KiaROY #NBAAwards
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА