Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус откако раководството на „старата дама“ се одлучи да му врачи отказ по лошиот старт на сезоната.
Хрватскиот стратег пристигна како спасител минатата сезона, успеа да избори и пласман во Лигата на Шампионите, но не се задржа долго на клупата на својот поранешен клуб. За неговиот отказ говореше и неговиот сонародник Иван Јуриќ кој е на клупата на Аталанта.
„Жал ми е за Тудор бидејќи навистина го сака Јувентус. Но, тоа е оваа работа. Кога имате период во кој играте добро, но не победувате, мора да се подобрите во секој сегмент“, изјави Јуриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

