„Жал ми е за Вирц, ви реков дека на Ливерпул ќе му требаат пет топки…“

Флоријан Вирц стана прв германски фудбалер што по подолга пауза го одби Баерн Минхен откако екс-капитенот на Баер Леверкузен го избра Ливерпул за следна станица во кариерата.

Германецот се мачи да се наметне во првите месеци во клубот, а челниците на Баерн едвај дочекаа да фатат „сеир“ зошто Вирц не игра како што треба за актуелниот англиски првак. Ули Хенес гласно го критикуваше Ливерпул, потенцирајќи дека себичноста на „ѕвездите“ на „црвените“ е главната причина за слабите игри на Вирц.

„Видете го Ливерпул, потрошија половина милијарда евра, но сезоната им е катастрофална. Тоа е затоа што имаат само суперѕвезди, шефови, а не и работници. Ви реков дека Ливерпул ќе мора да игра фудбал со пет топки на натпревар, бидејќи ѕвездите не си додаваат меѓу себе. Жал ми е за Вирц, кој никако не ја добива топката. Салах, Собослаи и останатите, тие играат сами за себе, затоа и резултатите на тимот се такви какви што се“, истакна Хенес.

Се вчитува...