Жалгирис е најпријатното изненадување на стартот од новата евролигашка сезона откако литванскиот гигант во првите две кола ги совлада двата финалисти од последниот фајналфор. Откако пред два дена на гостински терен го преслуша Монако, тимот а Жалгирис вечерва го зеде и скалпот на европскиот првак Фенербахче, триумфирајќи со резултат 84-81.
Литванците одиграа извореден меч во кој 37 минути имаа контрола над резултатот, на периоди и двоцифрена предност во однос на турскиот гигант. Фенербахче се врати само благодарение на одличниот Вејд Болдвин, кој погоди три тројки во последните пет минути и донесе прво водство на три минути до крајот (74-75). Во клучните моменти сепак проработе шутот од далечина на Жалгирис, Фенер на спротивната страна промаши четири тројки во последната минута и овој натпревар заврши со заслужена победа на литванскиот првак.
Вилијамс Гос ги предводеше стрелците на победничкиот тим со 20 поени, два помалку постигна Франциско, додека кај Фенербахче Болдвин беше незапирлив со 36 поени и 4 асистенции, сепак недоволно да се стигне до позитивен резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

