Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос по две сезони поминати во Олимпијакос заминува од грчкиот евролигаш и кариерта ќе ја продолжи во Литванија, објавија литванските медиуми.
Искусниот 30-годишен плејмејкер ќе биде екстра засилувањето за литванскиот состав. Тој ќе потпише три годишен договор со клаузула во истиот последната година сам да одлучува дали сака да остане во Каунас. Неговата заработка ќе изнесува 1.3 милиони евра по сезона со што ќе биде најплатениот кошаркар на овој евролигаш.
Вилијамс-Гос професионалната кариера ја започна во Партизан по што настапуваше и за Олимпијакос, Локомотив Кубањ и Реал Мадрид. Во сезоната 2019/20 беше дел и од НБА лигата носејќи го дресот на Јута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

