Кошаркарите на Жалгирис славеа убедлива победа од 99-62 против Фенербахче во 15. коло од Евролигата.
Понижувањето за Турците беше најавено уште во првата четвртина која Жалгирис ја доби со 24-7, па потоа до крајот на дуелот само ја зголемуваше предноста.
Најефикасен во победничкиот тим беше Аугустин Рабит со 18 поени, а Григонис го заврши дуелот со 12 поени. Во поразениот тим се издвои Нандо Де Коло со 14 постигнати поени.
Во првиот денешен натпревар од Евролигата, Олимпија Милано на гостински терен славеше против Анадолу Ефес со 69-72.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА