Жалгирис продолжува со одличната игра во Евролигата забележувајќи уште еден убедлив триумф, овој пат над Асвел во 8. коло со 96-59.
Литванскиот состав стигна до двоцифрена предност уште по првата четвртина (26-15) и го назначи текот на средбата. И покрај тоа што Асвел одигра подобро до крајот на полувремето (48-35), следеше нов период на доминантна игра на Жалгирис кој ја доби третата четвртина со 25-9 и не им дозволи на гостите да се надеваат на пресврт.
Франциско со 15 поени и седум асистенции беше лидер на Жалгирис, додека 14 поени за Асвел постигна Вотсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

