Жалгирис приреди големо изненадување откако во својот последен меч во оваа календарска година како гостин го совлада тимот на Хапоел Тел Авив со резултат 80-93. Израелци влегоа како лидери во оваа 19. рунда од Евролигата, воедно и играа во својата арена во Тел Авив, но и тоа не им помогна да го скршат отпорот на одличниот гостин од Литванија.
Хапоел тргна одлично и имаше двоцифрена предност во првата четвртина, но Жалгирис се врати и на одмор се замина со минимална предност на домаќинот од 40-39. Пресуден се покажа третиот период што гостите го добија со 13-24, стигнувајќи до двоцифрена предност. Хапоел се обиде да се врати, но Жалгирис одолеа на притисокот и заслужено стигна до победата.
Рајт беше прв стрелец на победничкиот тим со 15 поени, 12 реализираше Тубелис, додека стрелците на Хапоел ги предводеше Џонс со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

