Кошаркарите на Жалгирис во суперинтересен натпревар славеа над Црвена Звезда со резултат 79-74, стигнувајќи до втората евролигашка победа сезонава. „Црвено-белите“ од Белград влегоа во мечот со одлична тимска хемија по убедливиот триумф над Асвел во првото коло, долго време имаа контрола над резултатот, но платија за падот во последните седум минути.
Имено, во 33. минута резултатот гласеше 56-63 за Црвена Звезда, по што Жалгирис влезе во пеколен шутерски ритам за кој гостите немаа одговор. Брејди Манек беше џокерот на литванскиот тим со неколку погодени шутеви во клучните моменти, со кои Жалгирис направи целосен пресврт и на крајот стигна до победата. Шмитс со 18 и Улановас со 15 поени ги предводеа стрелците кај победничкиот тим, додека кај Црвена Звезда двоцифрен ефект имаа само Митровиќ со 16 и Теодосиќ со 15 поени.
Саша Обрадовиќ би можел да добие отказ во Монако откако „кнезовите“ во второто коло претрпеа срамен пораз, пред своите гледачи од Виртус Болоња со резултат 59-83. Без Кемба Вокер и Џордан Лојд во тимот, Монако одигра катастрофално и во нападот и во одбраната, губејќи го вториот меч во низа, додека Виртус стигна до првата евролигашка победа сезонава. Ифе Лундберг постигна 14 поени и беше најефикасен кај Виртус Болоња, 13 реализираше Белинели, а по 12 поени постигнаа Шенгелија и Смит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА