Жалгирис ја шокираше Црвена Звезда со триумф сред Белград

Црвена Звезда направи огромен кикс во Евролигата, откако на домашен терен беше поразен од Жалгирис 86-80.

Натпреварот беше неизвесен и драматиен во првото полувреме, а клучната разлика тимот од Литванија ја направи во третиот период, кој го доби со 23-17, после кое водство српската екипа не успеа да се врати.

Одбраната на „црвено-белите“ потфрли и дозволи противникот да има лесни поени, што на крајот беше клучно за овој за нив голем триумф.

Домашниот тим немаше решение за Франциско кој постигна 25 поени, додека Петрушев кај Црвена Звезда беше најефикасен со 16 поени.

 

Се вчитува...