Италијанскиот стратег Андреа Тринкјери повеќе нема да биде тренер на Жалгирис откако клубот се одлучи официјално да му врачи отказ и тоа само неколку дена по освојувањето на шампионскиот трофеј во домашното првенство.
Жалгирис имаше одличен старт на сезоната, беше сензација во Евролигата додека за клубот настапуваше Лони Вокер, но со заминувањето на Американецот во НБА беше забележан драстичен пад во формата.
Литванскиот евролигаш беше блиску и до елимианција во финалето во домашното првенство, но успеа да се „врати од мртвите“ благодарние на Силвијан Франциско кој во натпреварот број четири погоди со звукот на сирената изборувајќи „мајсторка“ во која Жалгирис го одбрани домашниот терен.
Тринкјери помина една и пол година на клупата на Жалгирис освојувајќи две титули во Купот на Литванија и една шампионска титула во тамошното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

