Жалгирис на делба на врвот, Милано ја доби драмата во Истанбул

Жалгирис заедно со Црвена Звезда е најпријатно изненадување од стартот на евролигашката сезона откако литванскиот гигант вечерва стигна до седмата победа, со што сега е израмет со Звезда и со Хапоел на делба на првото место. Литванците вечерва по голема борба славеа над Валенсија, користејќи ја предноста на домашиот терен за конечен триумф од 86-77.

Франциско беше прв стрелец на победничкиот тим со 15 поени, 12 постигна Маодо Ло, додека најефикасни кај Валенсија беа Монтеро и Прадиља со по 15 поени.

Кошаркарите на Олимпија Милано во драматичен дуел како гости го совладаа Ефес во Истанбул со , во меч во кој се играа две продолжеија. Ефес пропушти шанси и на крајот на регуларниот дел и на крајот од првото продолжение, по што италијанскиот тим беше подобар во вториот дополнителен период и стигна до четвртата победа во деветтиот меч сезонава.

Зек Ледеј одигра одличен меч и со 25 поени ги предводеше стрелците на Милано, еден помалку постигна Шилдс, додека на Ефес не му помогна извонредната партија на Доужер и 34-те поени на американскиот плејмејкер.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...