Американскиот кошаркар Остин Холинс по пет неделната проба во Жалгирис нема да остане дел од овој литвански евролигаш, потврди клубот на социјалните мрежи.
Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда настапи на осум натпревари во Евролигата на кои во просек забележа 3.9 поени и 1.0 скок и не успеа да ги собере симпатиите на новиот тренер Андреја Тинкиери.
Триесетидвегодишниот Холинс во минатото беше дел и од Зенит и Макаби, но не успеа да го покаже целиот свој потенцијал поради тешката повреда во 2022 година.
After a 5-week try-out Austin Hollins leaves Zalgiris. Thank you, @aHolli_20! pic.twitter.com/bRH7eTiSvi
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) January 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА