Дуелот помеѓу Партизан и Жалгирис најмалку ќе се памети по резултатот, кој на крајот гласеше 83-74 за гостинскиот тим.
На почетокот на овој натпревар сè беше околу Душко Вујошевиќ, почнувајќи од воведниот краток филм, преку кореографијата на навивачите кои ја држеа неговата слика во рацете, па сè до солзите на сите други навивачи во Арената, и навистина беше тешко и за играчите.
Тоа беше видливо веднаш на почетокот на мечот, кошаркарите на Жалгирис ја направија разликата со тројки, постигнаа четири во првите осум минути, а Улановас го предводеше литванскиот тим.
Во текот на дуелот Жалгирис беше во водство, Партизан неколку пати му се доближи, но не и да го сврти натпреварот во своја корист, и на крајот претрпе пораз кој брзо ќе биде заборавен.
Кошаркарите на Басконија ја совладаа Виртус Болоња со 82-72.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

