Жалгирис „раскина“ со искусниот литвански бек

Искусниот литвански плејмејкер Лукас Лекавичиус нема да биде дел од Жалгирис во новата сезона откако литванскиот евролигаш објави дека е договорен раскин на договорот.

Сега 31-годишникот најголемиот дел од кариерата ја помина во Жалгирис. Тој потекнува од младинската школа на „зелените“, дебитираше во 2012 година и првиот мандат го заврши во 2017 година. По две сезони поминати во Панатинаикос се врати назад во клубот од детството и стигна до шест освоени титули во домашниот шампионат.

Раскинот на договорот со Лекавичиус го комплетираше составот на Жалгирис кој во сезоната 2025/26 влегува со желба да се заборави турболентната мината сезона и да се врати назад во битката за плеј-оф во Евролигата.

Се вчитува...