По големите проблеми со повреди и заминувања со кои се соочи Жалгирис, литванскиот претставник во Евролигата денеска официјално се засили со поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Остин Холинс кој ќе има три недели да докаже дека вреди да го носи „зелениот“ дрес.
Триесетидвегодишникот бек зад себе има богато искуство бранејќи ги боите и на Зенит и Макаби Тел Авив, но се соочи и со повреда на коленото поради која му беше потребна операција.
New addition Austin Hollins joins Zalgiris for a three-week try-out period. After trial period Zalgiris will decide whether @aHolli_20 will stay with the team until the end of the season. ✍️ pic.twitter.com/uzlT9LMOtY
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) December 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА