Литванскиот евролигал Жалгирис замената за Лони Вокер ја најде во НБА лигата од каде ќе го ангажира 24-годишниот бек Ајзеа Вонг кој доаѓа како идеална замена за својот сонародник.
Вокер се наметна како вистинска ѕвезда во Евролигата па одново го примами интересот на НБА екипите потпишувајќи двогодишен договор со Филаделфија, нешто што намерува да направи и Вонг кој последниот ангажман во елитното првенство го имаше во Шарлот.
Вонг одигра 20 натпревари во НБА оваа сезона со просек од 6.0 поени, 1.6 скокови и 1.4 асистенција по средба, а на еден од последните средби постигна 17 поени за својот тим.
“Where you been all my life Isaiah Wong!?” 🔥
Incredible sequence of plays by the rookie ✨ pic.twitter.com/nv6D4pN7DG
— NBA TV (@NBATV) December 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

