Жалгирис со „скалпот“ на Реал за прва победа во Евролигата, ЦСКА Москва со максимален ефект

Реал Мадрид го доживеа првиот пораз (86-73) во 3. коло од Евролигата и тоа на гостувањето против Жалгирис во Каунас. „Кралевите“ паднаа во Литванија по очајно одиграната последна четвртина од мечот која ја загубија со неверојатни 29-13. За Жалгирис, пак, ова беше прва победа во Евролигата сезонава.

Најдобар во победничкиот тим беше Зак Лидеј со 26 поени и 9 скока, а 15 поени запиша Најџел Хејес. Кај Реал Мадрид најдобар беше Ентони Рендолф со 15 постигнати поени.

ЦСКА Москва продолжува со максималниот ефект на стартот од сезоната славејќи во третото коло против Химки со 99-86.

Најзабележителен во победата на ЦСКА беше Мајк Џејмс со 28 поени, а 21 поен постигна Вил Клибурн кој имаше и шест скока.

Се вчитува...