Откако пред неколку дена го официјализираше трансферот на Најџел Вилијамс-Гос од Олимпијакос, денеска Жалгирис објави дека стигнал до потпис на уште еден доскорешен кошаркар на „црвено-белите“, Мосес Рајт.
Американскиот центар изминатата сезона настапи на 18 натпревари во Евролигата бележејќи просек од 5.8 поени и 2.6 скокови по натпревар.
Во месец ноевмри се здоби и со тешка повреда поради која му беше предвидено и крај на сезоната, но успеа да се врати на паркетот во месец март.
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) June 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

