По три порази во низа кошаркарите на Жалгирис Каунас им се вратија на победите во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во еден интересен натпревар како дел од 11. коло во Евролигата, славеа над Панатинаикос со 84-77.
Уште од самиот старт на мечот домаќините ја презедоа предноста и иако гостинот во неколку наврати се обиде да го загрози водството на противникот, сепак литванската гордост ја задржа предноста и стигна на крајот до седмата победа сезонава.
Лони Вокер со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Кендрик Нан заврши со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА