Жална Македонија: Работнички нема семафор, семафор…Нема ниту дерби!

Македонија и се е можно. Не може да се одигра големото кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром во салата „Градски парк“, затоа што не функционираат семафорите што го означуваат нападот од 24 секунди. Домаќинот на мечот не успеа да обезбеди соодветен семафор, па делегатот Зоран Николовски немаше друг избор освен да го одложи мечот.

Дополнително ќе има информација каде и кога ќе се одигра овој натпревар.

 

Се вчитува...