Само по еден час од победата на Iлка Штухец во Вал Гардена, словенечкото скијање се израдува и на триумфот на Жан Крањец на велеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во Залбах.
Крањец беше четврти по првото возење, но беше одличен на тешката и долга патека во вотрата трка и се проби на победничката позиција со 19 стотинки подобар резултат од второпласираниот Швајцарец Лоик Милар. Третото место на подиумот го поплни францускиот скијач Матје Февре.
Лидерот во Светскиот куп, Марсел Ширхер трката ја заврши на седмата позиција. Тоа сепак не менува многу со оглед дека има убедлива предност во гереналниот поредок од 179 бода пред Макс Франц на втортата позиција. Хиршер води и во палсмаот за велеслалом со 196 бода повеќе од Алекси Пинтуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА