Долгогодишниот пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод, повторно се најде во центарот на вниманието откако даде нова изјава за здравствената состојба на големиот ас на Формула 1 по страшната незгода што Шуми ја имаше во декември 2013 година. Јавноста нема никакви детали околу состојбата на Шумахер, па затоа бројни медиуми експресно да пренесоа изјавата на Тод, кој е еден од ретките кои имааат дозвола од семејството да го посетуваат Германецот.
„Можам да потврдак дека минатата седмица го видов Михаел. Тој се бори. Знаеме дека имаше страшна скијачка несреќа што му создаде огромни проблеми, но крај себе има неверојатна сопруга, поддршка од децата и нега од медицинските лица. Ние можеме само да му посакаме се најдобро. Се што можам да сторам во моментов е да бидам тука за нив, да им дадам поддршка. Моментно не можам да му помогнам на Шумахер, а ако дојде до ситуација да можам да сторам нешто за него без размислување ќе го направам тоа“, изјави Тод.
Поранешниот тимски шеф на Ферари претходно делуваше пооптимистички расположен кога во јули најави дека „светот наскоро ќе го види Михаел Шумахер“, но денешната изјава дефинитивно е во далеку попесимистички тон околу здравствената состојба на Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА