Жан Тод е еден од ретките луѓе кои се во контакт со Михаел Шумахер и го посетуваат легендарниот Германец, кој се крие од очите на јавноста по тешката повреда на главата и 254 дена минати на интензивна нега. Никој не може со сигурност да тврди во каква состојба се наоѓа Шумахер, но токму Тод даде позитивни прогнози, најавувајќи дека дури и јавноста би можела наскоро да го види во живо легендарниот Ф-1 возач.
„Можам да потврдам дека се сретнав со Михаел минатата седмица. Нема да откривам детали, само ќе кажам дека се надевам дека светот наскоро ќе може да го види Шумахер. Кон тоа се стремат и Шуми и неговото семејство“, изјави Тод за весникот „Дејли Мејл“.
Ваквата изјава на Тод предизвика еуфорија меѓу фановите на легендарниот возач, кој имаше страшна несреќа при скијање во декември 2013 година. Останува да се види дали и кога ќе се реализира најавата на првиот човек на ФИА, кој важи за еден од најблиските пријатели на семејството Шумахер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА