Жао направи сензација и стана првиот светски шампион од Кина

Ксинтонг Жао стана првиот светски шампион во снукер кој доаѓа од Кина. Кинезот во финалето во Шефилд го совлада Марк Вилијамс со 18-12.

Младиот Кинез изгради предност од шест фрејмови уште по првата сесија (7-1), а потоа само рутински ја приведе работата до крај. Вилијамс направи многу грешки во првите два дена, а Жао го надигра.

Жао е 22 години помлад од Вилијамс, кој се бореше за четврта титула во Крусибл. Велшанецот стана најстариот финалист на Светското првенство, но не и најстариот светски шампион. Тој го освои овој трофеј во 2000, 2003 и 2018 година.

Со наградниот фонд Жао од следната сезона веќе ќе биде меѓу 16. најдобри во светот. Со освојувањето на Светското првенство Кинезот инкасирапе половина милион фунти.

Се вчитува...