Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, ја отвори вратата за заминување на Томас Лемар од таборот на „кнезовите“ во текот на јануарскиот преоден рок. Францускиот репрезентативец минатото лето остана во Монако, но офанзивата на Ливерпул и на Арсенал продолжи и на почетокот од 2018 година. „Топиите“ во него гледаат идеална замена за Алексис Санчез, Ливерпул сака токму Лемар да го замени Кутињо, а Жардим е свесен дека тешко ќе може да го задржи овој фудбалер на „Луј втори“.
„Секако дека ние сакаме Лемар да остане. Сепак, фудбалот станува луд спорт кога станува збор за сумите, во јануари тие се уште повисоки и се може да се случи Јас како тренер сакам Лемар да остане во Монако уште десет години, но реалноста е дека тој може да си замине веќе во јануари“ – изјави Жардим.
Францускиот шампион ќе заработи околу 80 милиони евра од продажбата на овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА