Францускиот тим Монако не ја стартуваше сезоната според посакувањата и тренерот Леонардо Жардим се наоѓа во незавидна позиција. Медиумите пишуваат дека деновите му се избројани и дека раководството го бара најадекватното решение за негов наследник.
Едно од имињата кои фигурираат за нов можен тренер на Монако е Тиери Анри, кој изминатиов период пропушти неколку можности да почне со самостојна тренерска работа.
„Кнезовите“ по девет кола се наоѓаат 18.позиција на табелата во францускиот шампионат со само шест освоени бода. Последните три меча тимот на Монако ги загуби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА