Жарко Игњатовски директор на мечот Динамо-Бетис во Загреб, Пројковска ќе суди на машки екипи во Европа

Македонските  фудбалски претставници во УЕФА добро ја започнаа новата сезона со веќе добиени задолженија во европските купови. Менаџерот во ФФМ, Жарко Игњатовски на 22. февруари ќе биде организациски директор на реванш мечот од осминафиналето на Конференциската лига на Европа во Загреб меѓу Динамо и шпанскиот претставник  Бетис. Во првиот натпревар во гости Динамо победи со 1-0.

Пред една недела претседателот на Комисијата за безбедност и интегритет во ФФМ, Роберт Марковиќ доби задолжение да се грижи за безбедноста на средбата од Конференциската лига меѓу Хапоел Хаифа и белискиот клуб Гент која беше прогласена за висок ризик. Поради настаните во Израел, овој меч се одигра во Будимпешта. Макаби победи со 1-0.

Нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во групата на 24 најдобри судии во Европа, по вторпат во својата куса но богата судиска кариера ќе биде главен судија на машки екипи. Од страна на судиската комисија на УЕФА таа е одредена да го суди реванш мечот на младинските  екипи во Лигата на европските шампиони во Холандија меѓу Аз Алкмар и Порто од Лисабон. Ќе и помагаат Куштрим Лика и Гоце Петрески. Четвртиoт судија е од Холандија. Ова е втор пат, откако Пројковска беше префрлена во втората група на машки европски судии, да им суди на машки екипи. Есенва таа беше главен судија на средбата меѓу ПСВ Ајндховен и Ленс од Франција,во лигата на Европските шампиони за млади. Инаку само Александар Ставрев е во првата група на европски судии.

Ива Пројковска веќе ја отвори годинашна сезона кај македонските меѓународни судии. На 8. јануари го судеше мечот во Лигата на европските шампиони за жени меѓу Славија Прага и Сент Полтен од Австрија, кој најпрвин беше одложен поради масакрот во Прага кога загинаа неколку лица. Потоа на 23. јануари беше главен судија на натпреварот меѓу Парис и Челси од Лондон во Лигата на европските шампионки.

М.М.

Се вчитува...