Жарко Игњатовски директор на мечот Викторија Плзен-Манчестер јунајтед

И есенското последно коло во европските фудбалски купови не може да мине без претставници  на Фудбалската федерација на Македонија во УЕФА. На 12 декември, менаџерот за фудбал во ФФМ,  Жаре Игњатовски ќе биде организационен директор на мечот во шестото коло во Лига на европа меѓу чешкиот претставник Викторија Плзен и еден од најпознатите англиски  клубови Манчестер јунајтед.

На европската  фудбалска сцена ќе се појави и раководителот за безбедност и интегритет во ФФМ  Роберт Марковиќ кој на 11 декември во Ротердам во Холандија ќе биде задолжен од страна  на УЕФА  да се грижи за безбедноста  на натпреварот во ЛШ меѓу Феeнорд и Спарта од Прага.

На 11 декември, во Ротердам, на истиот стадион , само во дневниот термин ќе се појави и судиска тројка од Македонија, на чело со главниот судија Јован Качевски, со помошниците Слаѓан Марковски и  Бранко Путилин. Тие се одредени да го судат мечот во младинската лига  на европските шампиони, играчи до 19 години, исто така меѓу Феeнорд и Спарта од Прага. Ќе биде тоа ден на македонските претставници во УЕФА во Ротердам.

 М.М

Се вчитува...